Градскиот дувачки оркестар утре ќе одржи првоаприлски параден концерт
Градскиот дувачки оркестар утре ќе одржи првоаприлски параден концерт по повод Светскиот ден на шегата. Концертот ќе се одржи во Градскиот парк од 12 часот, а ќе бидат изведени маршеви и детски композиции.
Во Зоолошка градина пак во 12:30 часот ќе се одржи првоаприлски маскенбал. За сите оние кои ќе дојдат маскирани, планирано е дефиле на маски со многу музика, забава и дружба.