Градот Скопје со оддавање почит и признанија го слави 13 ноември – Денот на ослободувањето
Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на партизанските гробишта во Бутел на Алејата на заслужните граѓани и на споменикот „Ослободители на Скопје” на платото пред владината зграда. а токму за состојбите во главниот град, предизвицитe со кои денеска се соочува и визијата – за ова во Студио 10 разговаравме со Искра Гешоска писателка, културна менаџерка и активистка...

