Градот Скопје и општина Гази Баба исплаќаат милионски суми евра на Скопски саем

На Скопки саем се одржуваа многубројни манифестации кои беа значајни за градот-беше симбол на метрополата. Локацијата сега е целосно комерцијализирана во трговско-станбен комплекс.

И општина Гази Баба ја чека истата судбина како Град Скопје да исплати 1,5 милиони евра кон Скопски саем по сонов на судска пресуда. Актуалниот градоначалник на општина Гази Баба, Бобан Стефковски за тв 24 потврдува дека наплатата на оваа сума ќе биде удар за касата.

Вели, сметката на општината не е бликирана. Ја чекаат првосилата пресуда за наплата.

„Судската постапка не е завршена за општина Гази Баба. Сметката на општината не е блокирана, но не' чека иста судбина како и Град Скопје – ќе треба да исплатиме 1,5 милиони евра кон инвеститорот. Веќе правиме анализи и пресметки за можно плаќање на долгот на рати“- вели Стефковски за ТВ 24.

Посочува дека претходното раководство на Гази Баба ја раскинало градежната дозвола со инвеститорот, но не ги вратило уплатените пари за комуналии. Екс градоначалникот Борче Ѓеоргиевски ги негира обвинувањата.

Сметката на Град Скопје не е блокирана, точно е дека почна испалта на милионски суми кон Скопки саем по основ на долг кој е наследен од претходните градоначалници, вели за тв 24 градоначалничката Арсовска. Од вкупниот долг во износ од 2 милиони евра, сега се исплаќаат половина милион евра, вели Арсовска.

Долгот според Араосвска е кумулиран од претходините градоначалници, пренесуван од еден на друг. Тв 24 побара став и од нив. Коце Трајановски, во чиј мандат се платени комунуалиите, ги отфла обвинувањата. Вели дека воопшто не му е јасно зошто тој е посочен како одговорен за овој случај.

И од претходната градска управа ги отфрлаат обвувањата.

„Град Скопје, во ниту една фаза институционално не е надлежен за издавање или одземање на градежни дозволи, за кое било физичко или правно лице. Што се случувало, одговорите и одговорноста се во надлежност на општина Гази Баба“ - велат за тв 24 од поранешната градска власт.“

Според извор и на тв 24 , вкупниот долг кон инвеститорот на Скопки саем изнесува колку 3 милиони евра, 60% од нив треба да ги плати Град Скопје, а останатите 40% општина Гази Баба.

Во меѓувреме не запираат меѓупартиските обвинувања за тоа кој е виновен за влошената финансиска кондиција на Град Скопје.