Градоначалникот Ѓорѓиевски се предомисли, аеродромци ќе можат да паркираат во целата општина

Резидентните граѓани ќе можат да паркираат на сите зони на територијата на Општина Аеродром. Градот Скопје ретерираше. По лавина реакции на граѓаните - ја смени првичната одлука - ограничување на паркирањето само во зоната каде што живеат. 

Дадена е насока до директорот на ЈП ,,Градски паркинг”, во општина Аеродром, во Реонскиот центар каде се воведува зоната D12, останува да важи старото правило, се огласи првиот човек на Скопје Орце Ѓеорѓиевски.

Телоп Орце Ѓеорѓиевски градоначалник на Скопје 

„Останува да важи старото правило: секој резидент - физички и правни лица, ќе може да се паркира на сите зони на територијата на општината без да плаќа надоместок, како што беше најавено претходно.= Ова е директен одговор на барањата и реакциите на граѓаните и доказ дека нивниот глас не само што се слуша, туку и се почитува. Нашиот народ е секогаш во право“.

Аеродромци го вратија старото право, но велат целосно не сме задоволни од паркирањето на ниво на општината, Бараат поголем број на паркинг места и катни гаражи. 

Од советничката група на СДСМ во Општина Аеродром пак побара итно одложување на воведувањето на зонското паркирање во во Реонски центар, оценувајќи дека ваквата одлука ќе го продлабочи проблемот со паркирањето во Ново Лисиче. 

Телоп СДСМ 

Жителите на Ново Лисиче веќе подолг период се соочуваат со недостиг на паркинг места, особено по воведувањето на зонско паркирање зад трговските центри „Капитол“ и „Бисер“, а најавената примена на зоната D12 од 1 април само ќе го влоши проблемот. Селективниот пристап ќе доведе до пренасочување на возилата кон нерегулираните зони, што дополнително ги отежнува условите за паркирање.

А новите правила за паркирање веќе донесе доплнителни проблеми на граѓаните.