Градоначалникот Ѓорѓиевски продолжува со реализацијата на проектот за БРТ превоз
Проектот за брз автобуски превоз, кој со години беше во застој, повторно е ставен во фокусот на градските власти во Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски потврди дека соработката со Владата и Светската банка е клучна за придвижување на прелиминарната фаза.
Овој систем се смета за столб на новата стратегија за урбана мобилност, која има за цел да го намали сообраќајниот метеж и да понуди одржливи алтернативи за движење низ главниот град во наредните години.
Се купуваат 49 возила од различен тип, кои што треба да помогнат на градот Скопје и на останатите општини за подобрување на состојбата со хигиената, рече министерот за транспорт, Александар Николоски.
Потенцираше дека инвестирани се 25 милиони евра во локални патишта со поддршка од Светска банка.
Сегашниот јавен транспорт е концепт стар повеќе од 40 години и е правен за потребите на тогашно Скопје за да ги задоволува потреби на Скопје до 1984 година. Од Костовски, преку Трајановски, Шилегов па Арсовска и сега Ѓорѓиевски – скопскиот трамвај се’ уште е желба на тргни-застани.

