Градоначалникот Ѓорѓиевски го назначи Кроневски за директор на паркинзите, иако вмро – дпмне го обвинуваше за криминал
Пред 3 години го обвинија за голем скандал во Градски Паркинг, вчера го назначија за директор на ова јавно претпријатие
Првиот човек на град Скопје Орце Ѓорѓиевски за ВД директор на Градски Паркинг го постави Владимир Кроневски - кого неговата матичната партија ВМРО ДПМНЕ упати серија критики дека како помошник директор учествувал во шемата за делење бесплатни паркинзи за функционери во власта.
Партијата уште во јануари 2022 обвини дека станува збор за над 400 паркинг места, а голем дел од нив биле на името на Кроневски
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски без одговор за назначувањето на Кроневски за прв човек на градски паркинг
Но со реакција за одлуката на првиот човек на Скопје излегоа од партијата Левица
Левица
- Нека објаснат како од скандал се стигнува до повторно директорување и како „една катна гаража бесплатни привилегии” магично се претвора во препорака за нов директорски мандат?! Дали можеби им се допаднала шемата на Кроневски за бесплатен паркинг за функционери од власта, па сакаат и тие да ја искусат и надоградат?
Кроневски кој доаѓа до партијата на Павле Трајанов со градкси паркинзи управуваше пред градот Скопје да го преземе ВМРО ДПМНЕ.

