Градоначалникот на Струмица бара Комуналец да го раскине договорот за собирање смет
Foto

Градоначалникот на Струмица бара Комуналец да го раскине договорот за собирање смет

Првиот човек на Струмица Коста Јаневски смета дека договорот што ЈП Комуналец го склучи со приватна фирма за собирање смет е несоодветен и побара менаџментот да го раскине. Струмички Комуналец минатата недела склучи договор со приватната фирма Дасмак  во вредност од милион и 200 илјади евра за собирање смет во период од една година оти возниот парк бил истрошен а паралелно бил зголемен обемот на работа.

Директорот на Комуналец по потпишувањето на договорот истакна дека се чувствува потреба од ангажирање фирма по потреба, за собирање смет во градот и населените места. Според него економскиот оператор ќе се ангажирал по потреба што не мора да значи дека ќе му бидат исплатени сите пари, туку според учинокот.

Договорот наиде на жестоки реакции кај опозицијата. Сметаат дека Комуналец со своите капацитет и ресурси можел да одговори на обврските и побараа одговорност за склучената зделка.

Комуналец ова година почна организирано  да го собира отпадот од сите населени места во општина Струмица. Изминативе месеци дистрибуираше околу 10 илјади корпи за отпад на индивидуалните домакинства. Се очекува УО на ова препријатие да го разгледа барањето на градоначалникот на Струмица.

0 Коментари

Остави коментари