Градоначалникот на Шуто Оризари Дудуш најави тужба против Арсовска

 

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, упати остри обвинувања кон градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, соопштувајќи дека ѝ е испратена опомена пред тужба поради, како што наведува, нарушување на неговиот углед и клевети. 

-Колешке, ви ја разбирам нервозата, но срамот и незнаењето со инспекции и со клевети и навреди не се покрива. Бидете барем малку чесна и извинете се за кажаните лаги и невистини и ќе имаме одлична основа да седнеме на маса и со вашето знаење и моето искуство дупло од вашето во менаџирање на локални проблеми и предизвици, ќе се обидеме да најдеме решенија“, додаде тој во неговото соопштение.