Градоначалникот на Делчево: Пламените јазици го напаѓаат малото Балабанци, Курачкото Маало, а загрозен е и туристичкиот локалитет Кукуље
Foto

Градоначалникот на Делчево: Пламените јазици го напаѓаат малото Балабанци, Курачкото Маало, а загрозен е и туристичкиот локалитет Кукуље

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, алармира дека и по 4 дена се уште е активен големиот шумски пожар во Нов Истевник.

-Ситуацијата кај маалото Пасјак е стабилна, но од утрово пламените јазици го напаѓаат малото Балабанци, Курачкото Маало, а загрозен е и туристичкиот локалитет Кукуље.

 

Во моментот во гаснењето учествуваат околу 200 луѓе меѓу кои и припадници на Армијата и дел од екипата пожарникари од Бугарија. Меѓу тие луѓе кои активно гасат се и десетина доброволци, вработени во Јавното комунално прерпријатие, Шумското стопанство, имаме луѓе од локалната самоуправа, наши и пожарникари од соседни општини, така што се прави сè што е во наша моќ за да се локализира пожарот, напиша градоначалникот на фејсбук.

0 Коментари

Остави коментари