Градоначалниците ќе си го прилагодуваат Законот за урбанизам прему измени во Собрание

Најголем дел од градоначалниците во земјава се договориле и усогласиле да го променат Законот за урбанистичко планирање по само една година од неговото донесување, и тоа во скратена постапка. Петре Шилегов, како претседател на ЗЕЛС, измените на законот ги правда со потребата на интензивната забрзана урбанизација преку забрзување на постапките за носење на детални урбанистички планови, а додека за плановите неусогласени со ГУП-от смета дека треба да се суспендираат. 

„ Секаде каде што ги имаме тие отклонувања, новиот закон предвидува суспензија на делови од деталните урбанистички планови и градоначалниците на општините се должни тие суспензии да ги носат ако видат дека има неусогласеност ако не ние во фазата на одобрување на деталните урбанистички планови укажуваме на општините дека тука има..„-вели Петре Шилегов, претседател на ЗЕЛС.  

Меѓу измените во законот е и Член 35  по ставот 5 кој пак појаснува дека: 

„Детален урбанистички план или дел од детален урбанистички план што не е усогласен односно е во спротивност со одредбите од генералниот урбанистички план, не може да се применува.“- се наведува во Законот за урбанистичко планирање. 

Вакви неусогласени планови во градот Скопје постојат, за еден од нив антикорупциска поведе иницијатива за кривична одговорност до обвинителството за поранешни градоначалници за носење на дуп кој не е усогласен со ГУП-от, план во јавноста познат по парцелата наспроти Холидеј Ин.  

Но, во контекст на промените на Законот, од транспорт и врски појаснуваат дека по исклучок на став 5 од Членот 35, детален урбанистички план донесен согласно генерален урбанистички план кој престанал да важи ќе се применува само доколку биде во согласност со новиот генерален план кој се подготвува. Пратеничката Маја Морачанин смета дека законот не смее да се менува во скратена постапка без поширока дебата и вклученост на стручната јавност. 

 

Постојат и многу други измени кои ќе се случат во Законот за урбанистичко планирање кој пак не издржа една година а да не се промени овде во законодавниот дом, овој пат тоа ќе се прави во скратена постапка.