Градоначалничката Данела Арсовска заврши во болница откако е нападната во Чаир

Инспекциската контрола и увидот во дивоградбите во Чаир заврши со физички и вербален напад врз Арсовска и нејзината екипа од град Скопје. Градоначалничката била нападната со клоци и тупаници, но и вербални закани за силување и убиство на нејзиното семејство.

По лекарската интервенција Арсовска за медиумите кажа дека била нападната од лице поврзано со дивоградбата во Чаир која била предмет на контрола. 

Пред нападот како што се гледа на снимките до кои дојде ТВ 24 група граѓани и дофрлуваат на Арсовска зошто не ги контролира скопските општини Карпош и Центар. 

Инцидентот го потврдија од Министерството за внатрешни работи. Оттаму посочија дека Арсовска била физички нападната додека извршувала службени обврски на територијата на град Скопје.  

МВР 

На 11.07.2025 во 12:15 часот, во СВР Скопје од страна на А.Ј. е пријавено дека при извршување работни задачи на улицата Кумбара физички била нападната градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и дека повеќе лица ѝ упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот, по што се упатила во ГОБ 8 Септември за укажување лекарска помош.

Насилството вели Арсовска се случуваше пред очите на полицијата, а насилникот наместо да го приведат, му дозволија пола час да навредува 

Таа изјави дека толпа народ во Чаир ја нападната и нејзината екипа за време на службени актиувности. Насилството вели таа се случуваше пред очите на полицијата, а насилникот наместо да го приведат, му дозволија пола час да навредува.

Арсовска половина час пред да биде нападната објави дека полицијата одбивала да ги  прими пријавите од град Скопје за физичкиот напад врз нивен службеник. Нападот се случи пред 3 дена, а според објавата на Арсовска лицето кое било врааботено во полицијата било фатено како на диво се приклучување на мрежата на ЈП Водовод. 

Арсовска изминативе неколку месеци објавува видео снимки од скопската општина Чаир каде ги детектира дивоградбите и иститие ги поврзува со градоначалникот на општината Чаир. За голем дел од нив има поднесено и кривични пријави. Обвинителството објави дека по пријавите веќе се постапува.