Градоначалничката Данела Арсовска „лови“ дивоградби во Чаир
Без одобрение за градба, на државно земјиште и без проект за безбедност, градоначалничката на Скопје – Данела Арсовска во живо од својот фејсбук профил обелодени наводна дивоградба во општина Чаир. (инсерт 6 сек 26:34 - 40). Таа го повикува градоначалникот на Чаир – Висар Ганиу но и министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски, да ја истражат изградбата на овој објект кој дополнително е и незаштитен иако се наоѓа веднаш до основно училиште.
Градоначалникот на Чаир, не одговори на повиците на ТВ24 дали објектот е дивоградба.
Од МВР пак наместо одговор што превземаат околу овој објект и дали ќе биде стопирана изградбата, рекоа дека поднеле пријави во врска со непрописно паркираните возила на булеварот.
Министерство за внатрешни работи: Од страна на полициските службеници легитимирани се четири лица и поднесени се три пријави по чл.6 ст.6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во врска со непрописно паркираните возила.
Градоначалничката Арсовска тврди дека полицијата во општина Чаир и покрај пријавите од станарите околу објектот, не доаѓале да постапат по дојавата за дивоградба.