Владата да најде модел да им помогне на градинарите кои трпат сериозни штети од економската криза предизвикана од ковид-19. Со несигурен пласман заради пандемијата, зголемени цени на земјоделските репроматријали и откупни цени кои сеуште не се дефинирани, градинарите од струмичко стравуваат дека престојната ќе биде повторно лоша сезона од која само трговците и аптеките ќе имаат ќар.
Дека на градинарите им е потребна државна помош или да бидат дел од пакетот антикризни мерки апелираат и од земјдоелската задруга Веге фреш од струмичко Куклиш. Драги Памуков предлага држават да врши поврат на средства за купени репроматријали во одреден износ што че биде помош за земјоделците
Со зголемувањето на цените на нафтените деривати последниве две недели, цените на дел од вештачките ѓубрива и препарати низ земјоделските аптеки скокнаа а заради пандемијата со ковид-19 на глобално ниво земјоделците во неизвесност како ќе тече пласманот и извозот на зеленчук.
0 Коментари