Градежник урнал дел од куќата - музеј на авторот на македонската химна Владо Малески

Градејќи објект во Струга градежник урнал дел од куќата музеј  на Владо Малески авторот на македонската химна,куќа која патем е и заштитено културно наследство. Од полицијата велат дека станува збор за лице од Велешта со иницијали Н.К, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На терен веднаш излегле стручните лица при Завод и музеј Охрид и  констатирале значителни оштетувања.Дали е случајно или намерно ќе покаже истрагата велат надлежните. Објектот мора час поскоро да се обезбеди за да не се сруши целосно.Мора да се зачуваат и артефактите внатре додава Патчев.

Од Министерството за култура  велат дека инспекциската служба ќе постапи согласно своите надлежности, со цел заштита и зачувување на вредностите на овој споменик на културата заштитен со Решение на Управата за заштита на културното наследство од 2016 година.

Инаку куќата на Малески  е една од најзначајните културни објекти и симболи на антифашистичката борба.

Осуда за случајот и одговорност побараа скоро сите политички партии преку партиски соопштенија во кои повторно вината за загрозувањето на културното наследство си ја префрлаат од едни на други.