Град Скопје: Мостот „Беласица“ од денес делумно отворен за сообраќај
По четири месеци од пожарот, од денска мостот Беласица во јадрото на Скопје е делумно отворен за сообраќај. Од градот информираат дека мостот ќе биде отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот на завршување на градежните работи од страна на ЕСМ.
Од извештајот констатирано е дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, кое ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија, велат од градската администрација.