Град Скопје испраќа цистерни со питка вода за жителите на Гостивар

Град Скопје испраќа цистерни со питка вода за жителите на Гостивар откако поголем број граѓани пројавија симптоми на труење, а постојат сомнежи дека причината е загадената вода за пиење од градскиот водовод - соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

-Сите нѐ потресе случајот во Гостивар, каде поголем број граѓани пројавија симптоми на труење, а постојат сомнежи дека причината е загадената вода за пиење од градскиот водовод. Во вакви моменти нема место за чекање - потребни се брза реакција, човечност и солидарност! Град Скопје веднаш испраќа цистерни со питка вода за жителите на Гостивар, со цел да им се обезбеди безбедна вода за пиење во периодот додека траат испитувањата и сè до целосно надминување на состојбата - вели градоначалникот во објавата на Фејсбук.

Како претседател на ЗЕЛС, упатува апел до сите колеги градоначалници во рамки на своите можности, да понудат и испратат помош.