Граѓанските организации ја поздравија одлука на Уставниот суд

Дел од Граѓанските здруженија ја поздравуваат вчерашната одлука на Уставниот со која се укинуваат членовите 17 и 18 од Изборниот законик а со кои партиите  им го отежнуваа учеството на граѓанските иницијативи и  организации на  изборитe . Во дописот до јавноста посочуваат 

Во предлог - рефератот судијата изразил сомнеж за новите измени од уставна гледна точка, односно дека со нив се повредени темелните вредности на Уставот, правната сигурност и предвидливост, начелото на владеењето на правото. 

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и вчера веќе укажа за  важноста на политичкиот плурализам како темелна вредност на уставен поредок. 

Со одлуката на судот како што информираа денеска и од Шанса за Центар се укинуваат членовите 17 и 18 од Изборниот законик, со кои партиите без никаква јавна консултација го кренаа прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори. 

Инаку, измените на Изборниот законик беа донесени во Собранието во март 2024,  со 84 гласа „за“ и само 2 воздржани. Независните   уште тогаш реагираа дека со ова, практично, независните кандидати се исфрлаат од изборната игра.

Пример, за кандидирање пратеници во Изборната единица (ИЕ)  1, наместо 1.000, со измените беа потребни 3.372 потписи.

Оттука, како што некои од независните коментираа, со потребата да собираат потписи од најмалку 1% од избирачите, тие практично беа туркани кон тоа да размислуваат дали можеби да се регистрираат како партии.