Граѓански протест за затворање на депонијата „Русино“
Foto

Граѓански протест за затворање на депонијата „Русино“

Еко ективисти од граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух во Гостивар“ придружувани од граѓани одржаа уште еден протест со кој побараа конечно решение за регионалната депонија „Русино“ која се наоѓа во близина на Гостивар.

Со тарнспаренти на кои беше напишано „Русино Чернобил на Македонија“, „Дали Гостивар вреди само 3 милиони евра“, „Русино е смрт“, учесниците протестниот марш го почнаа пред седиштето на општина Гостивар, поминаа низ неколку улици низ центарот за на крај да го завршат пред зградата на основниот суд во Гостивар.

Од иницијативата „Стоп Русино“ истакнаа дека гостиварци заслужуваат чист воздух и затоа бараат „Русино“ да се затвори во најскоро време.

Тие ја соопштија одлуката дека од денеска повторно ќе ги пропуштаат возилата на ЈП Комуналец, но за другите општини блокадата и натаму важи.

Во знак на поддршка на демонстрантите излезе и гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, кој рече дека од 2018 година како локална самоуправа тие немаат надлежност над „Русино“, додавајќи дека се исполнети сите барања на еко активистите во Гостивар. .

Ова е трет протест на граѓаните кои почнаа летово по пожарите на депонијата. По двата претходни, активистите го блокираа локалниот пат што води кон депонијата и на баракидата стоеа 54 дена. Според најавите, во четврток ќе имаат средба со министерот за екологија, Насер Нуредини од кого ќе побараат да ги разгледа нивните барања и да пристапи посериозно кон ова прашање.

0 Коментари

Остави коментари