Граѓански протест на „Партизанска“ во чест на прерано загубениот живот на 22 годишната Фросина Кулакова
За точно во 17 часот, денеска е организиран повторно граѓански протест на местото на погибијата на 22 годишната Фросина Кулакова чиј живот згасна под тркалата на возилото со кое управувал дваесет годишниот Васил Јованов за кого истрагата покажа дека возел во алкохолизирана состојба но и дека веќе имал досие во судско полициските органи поради тргување со наркотици.