ГРАЃАНСКИ АКТИВИСТИ ЗА ПОЧИСТ ВОЗДУХ ВО СТРУМИЦА ПОБАРАА НАМАЛУВАЊЕ НА АЕРОЗАГАДЕНОСТА
Foto

ГРАЃАНСКИ АКТИВИСТИ ЗА ПОЧИСТ ВОЗДУХ ВО СТРУМИЦА ПОБАРАА НАМАЛУВАЊЕ НА АЕРОЗАГАДЕНОСТА

Група граѓански активисти од Струмица се собраа на плоштадот за да го изразат своето незадоволство од загадениот воздух што во последниов период го дишат. Побараа конкретни решенија од надлежните за намалување на аерозагаденсота. Тврдат дека во Струмица посебно во ноќните часови не се дише и се приморани да купуваат заштитни маски а инспекторите да бидат поактивни и надвор од работното време.

Со отпочнување на грејната сезона мерната станица на животната средина постојано покажува присуство на пм 10 честичи над дозволеното. Часовните концетрации ноќе покажуваат и до 10 пати повеќе од дозволената граница. Младите активисти упатија барања до надлежните.

Вчера градоначалникот на Струмица Коста Јаневски информираше дека се спроведуваат дел од мерките од планот за чист воздух со замена на грејните тела во јавните објекти конкретно гасификација на општинските јавни објекти со средства од Владата. Во наредниот период се очекува очекува и гасификација на државни институции како што се болницата и полицијата.

0 Коментари

Остави коментари