Граѓанска голгота со лични документи
Потрага по лични документи, нов процес, стари проблеми. Граѓаните на нова локација, во полициските станици од денеска требаше да ги подигнат личните карти, дел од нив повторно останаа без нив. Дел пак, со поплаки за термините за фотографирање.
Од министерството за внатрешни работи, не одговорија каде е застојот во новиот процес-зошто личните карти се уште не се во посочените полициски станици.
- Од денеска започнува нов процес за издавање на лични карти во просториите на месно надлежните полициски станици според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта. Во период од 07-22 часотт во девет полициски станици и пет полициски одделенија граѓаноите можат да си ги подигнат личните карти и тоа во ПС од општа надлежност: Центар, Бит Пазар, Кисела вода, Карпош, Гази Баба, Ѓорче Петров, Чаир, Драчево, Аеродром, Петровец, Арачиново, Шуто Оризари, Сарај и Мирковци. - велат од Министерство за внатрешни работи.
Додека дел од граѓаните си ги бараат документите, одат од една во друга полициска станица и си заминуваат без личните карти, а други пак, добиваат термин за фотографирање во септември, Тошковски и Бојмацалиев продолжуваат со препукувањата. Кој е виновен за хаосот со личните документи.

