Граѓаните велат нема обрасци на македонски јазик за изводи, венчаници, директорот тврди дека има
Во Скопје граѓаните не можат да добијат изводи на македонски јазик од матичната книга бидејќи формулари за тоа нема. Според инфромации од граѓаните, обрасци на македонски јазик за изводи и за венчаници нема повеќе од една недела.
Решението е или да извадат двојазични, за тие кои не се родум од Скопје да се упатат во родниот крај или да ја чекаат набавката која е во тек.
Според информации на ТВ 24, причината за недостиг на обрасците е тендерот кој сеуште е во тек поради жалбена постапка. Директорот на Управата за водење матични книги, Фатон Фазлиу, за ТВ 24 вели дека обрасци има а доколку нема, се повлекуваат од магацини. Гарантира дека до крајот на годината тие кои ги имаат на залиха ќе бидат доволни.
Набрзо доаѓаат новогодишните празници кога традиционално голем број нашинци од странство се враќаат во Македонија а тоа значи и наплив на луѓе по шалтерите на матичните подрачја во декември и јануари.
Фазлиу тврди дека најмногу за две недели набавката на нови формулари ќе биде завршена и во јануари граѓаните немало да ги фатат неподготвени со недостаток на формулари.