Граѓаните уморни и гневни чекаат автобуси на постојките - надлежните без идеја како да се надмине проблемот
Турканици, чекање, гужвни на постојките низ Скопје. Недостигот на автобуси е нешто што е сосема вообичаена појава во последните неколку години, ситуацијата наместо да се подобрува од ден на ден се повеќе се влошува. Во метрополата владее општ сообраќаен хаос, движењето е речиси невозможно особено во раните утрински и попладневните часови, во периодите кога луѓето одат и се враќаат од работа, училиште, факултет.
Граѓаните и денеска се пожалија на неточните информации на информативните табли на постојките. Па наместо точна информација кога би стигнал автобусот на таа постојка, тој или доцни со часови или воопшто не доаѓа со што граѓаните дополнително се доведени во заблуда.
Кога се работи за јавниот превоз, грдската власт со години континуирано се жали од советниците што не дозволуваат набавка на нови автобуси. Од ЈСП претходно укажуваа дека имаат недостиг на автобуси уште кога се возеше по летниот распоред, а сега кога бројот на корисници е драстично зголемен од ученици и студенти односно нешто повеќе од месец дена е активен зимскиот возен ред што практично значи вклучување на уште линии, дополнително се зголемува притисокот за автобус повеќе во прометот со јавниот превоз.
Во меѓувреме никој не знае кога ќе се надмине ваквата состојба, која наликува, за жал. како веќе вообичаена работа. Автобуси да нема а граѓаните со часови да не можат да стигнат на адресата каде што се упатиле, губејќи драгоцено време и на постојките во неизвесност дали ќе дојде нивниот број.