Граѓаните преживуваат, намалување на цените речиси нема

Шести ден повластена струја за компаниите кои потпишаа договори, но и шести ден откако цените на рафтовите речиси без никаква измена.

Дополнително граѓаните кои ги анкетираше екипата на ТВ 24 велат дека едвај преживуваат, но и најчесто се соочуваат со шок кога ќе дојдат на каса, каде цените се различни од тие на рафтовите. 

Сегашните цени во продавниците се многу високи, велат граѓаните и со примањата кои што ги имаат велат купуваат само што е неопходно.

Од државниот пазарен инспекторат информираат дека нема предвидено конкретен период ко кога мора да претрпат корекции цените на основните производи, мерката не била донесена за да се пишуваат санкции туку да се намалат производствените трошоци за пониска цена на крајниот продукт. 

Од Владата повеќе пати се пофалија дека компаниите од пренхранбената дејност кои користат субвенционирана струја со фиксна цена од 80 евра за мегават час ќе ги намалат цените на голем дел од прехранбените производи до 10 проценти од 1 декември.