Граѓаните од Македонија и останатите кандидати за ЕУ нема да можат да добијат азил во некоја од земјите на ЕУ

Од јуни стартува нова миграциска политика на европската унија. Патениците во Европскиот парламент го прифатија предлогот за воведување на список на таканаречени „безбедни“ земји, односно забрзување на процедурите потешко добивање на азил за жителите на тие држави.

На листата се сите земји-кандидатки за ЕУ, меѓу нив и Mакедонија...Безбедната листа ги вклучува вклучувајќи ги Грузија , Турција Бангладеш, Колумбија, Египет, Индија, Косово, Мароко и Тунис.

Лена Дипонт - европратеничка 

Ова гласање ќе им овозможи на земјите-членки на ЕУ навистина да ја искористат соработката со трети земји на поинаков начин од претходно..промената е во согласност со меѓународното право и ќе избегне барањата за азил да се провлекуваат низ системот на европските земји долго време. “

Според Европската комисија, новите правила ќе го зајакнат системот за азил и ќе го направат процесирањето на барањата побрзо и поефикасно..барањата за азил ќе се сметаат за неприфатливи доколку се утврди дека лицата кои го поднеле барањето, можеле да добијат азил и во друга земја што е безбедна за нив..

Според новите правила, секое лице кое бара азил ќе може да биде депортирано во земја надвор од ЕУ, дури и ако само поминало низ неа .....