Граѓаните од Југоистокот одлучуваат за што да се наменат милион евра

Граѓаните од Југоистокот ги почнаа форумските сесии преку кои ќе треба да одлучат кои регионални проекти се приоритетни за реализација со средства од Грантовата шема, но и од Програмата на Бирото за регионален рамномерен развој, обезбедени од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Станува збор за околу милион евра кои треба да се искористат за реализација на регионални проекти  а граѓаните дискутираа за проблемите кои ги засега регионот а при тоа нудеа решенија од кои би требало да произлезат идеи и концепти за предлог проекти во различни области.

Како приоритети за решавање се истакнаа проблемите од делот на заштитата на животната средина односно загадени води, воздух, селекција на отпад но и за подобрување на туристичката понуда во Југоистокот. Форумската сесија ја спроведува Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со Министерството за локална самоуправа и  Швајцарската агенција за развој и соработка.

На овој принцип општините од Југоистоктот пред две години одлучија да се отвори Акадмија за реитеграција на маргинализирани групи на граѓани при што беше набавена опрема за нивно работно оспособување со цел побрза инклузија на лица со телесен инвалидитет и зависници на наркотични средства и алкохол.