Граѓаните очекуваат вакцинирани попишувачи, Симовски тврди не може да им наложат да се вакцинираат
Сите сакаат да се одржи попис ама не сега и не со незаконска методологија порачаа денеска на прес-конференција членовите на коалицијата „Не отворам врата“ кои побараа итна оставка на директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски затоа што како што велат од таму, пописот е операција со однапред познат резултат.
Симовски ги отфрла обвинувањата со образложение дека методологијата која ќе се употребува за спроведување на пописот не е ништо ново и дека Законот за попис бил одобрен од Обединети нации и Евростат.
А граѓаните уште позбунети од последната мерка на Владата дека на невакцинираните ќе им биде ограничено движењето нешто што нема да важи за поишувачите.
Симовски вели дека посакува сите попишувачи да бидат вакцинирани но дека изборот не смеаат да го вршат врз овој критериум. Пописот треба да започне на 5 септември и да трае се' до 30 септември. Дијаспората пак се попишува уште од април месец годинава кога по политичкиот договор меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, пописот беше одложен.