Граѓаните очекуваат поскапување на цените по крајот на “есенската кошнишка” - министерот Дурмиши задоволен од мерката

По завршувањето на владината мерка „Есенска кошничка“, граѓаните убедени дека цените на производите ќе растат оти мерката била неуспешна.

Направивме обиколка по маркетите тоа што го забележивме, цените не се променените но, граѓаните сметаат дека посебен бенефит не виделе последнов месец.

„Обавезно, па гледаш неуспешна мерка овие месец дена, повторно се покачуваат цените исто.“

„Стално има промена секој ден нова цена, ќе растат, секој пат растат, никој пат не се намалуваат.“

„Мислам дека ќе растат.“

„Ќе ги покачат повторно, ќе има покачување на цените.“

Додека пак министерот за економија Бесар Дурмиши смета дека мерката дава резлутат и како што вели им излегле во пресрет на граѓаните кога им било најпотребно, односно кога трговците енормо ги почакуваат цените.

„Во наредниот период како што најавивме ќе има божиќна кошничка,рамазанска, велигнеднска кошничка, овие мерки односно кошнички нема да траат повеќе од еден месец, односно предвидени се со пократок рок на траење од 15 дена до максимум 30 дена. Очекувам дека од почетокот на следниот месец ноември ќе има дополнително намалување на цените бидејќи како што знаете пред еден месец започна примената на законот за нефер трговски практики.“ - Бесар Дурмиши министер за економија.

Од СДСМ обвинуваат дека владината мерка за ограничување на маржите не дала никаков ефект и како што велат граѓаните почиствувале саамо разочарување.

„Уште еден месец од примената на оваа мекра граѓаните почуствуваа само разочарување синдикалната кошничка се намали за симболични 57денари, толку се заштедило за еден месец. Ова е легитимно е прашањето дали ова е сериозна економска политика или само замајување на јавноста. Цените во маркетите почитувани за најголемиот дел од производите останаа исти.“ - Боганка Кузеска порпаролка на СДСМ.

Економистите бараат повисоки плати а не вакви мерки што не даваат резултат.