Граѓаните нарачуваат на интернет, а на врата нарачката ја плаќаат во кеш
Од чекање до одење е насловот на девета годишна регионална конференција за Е- трговија. Звучни имиња од големи коорпоеации како Мајкрософт, Гугл, Линктин, Амазон, Тесла, Виза, ќе бидат говорници, а освен од топ глобални компании на конференцијата свои говори ќе имаат и домашни експерти од областа на електронското плаќање. Претседателката на Асоцијацијата за е – трговија Нина Ангеловска Станков вели дека оваа година акцентот ќе биде ставен на примената на вештачката интелигенција во трговијата на интернет.
Нина Ангеловска Станков: „Предизвикот е како да се оптимизираат компаниите и за вештачката интелигенција да ги одбира нив, се поставува веќе едно интересно порашање, дали вештачката интелигенција ќе може да биде лојална на брендовите на купувачот. Но, намерата на човекот останува, мора ние како луѓе да ја имаме интенцијата да ги имаме парите, зошто на крајот на денот ие ја вршиме трансакцијата и плаќаме, а вештачката интелигенција треба да не насочи и помогне во нашиот избор.“
Податоците од Асоцијацијата за Е- трговија велат дека 30 проценти од граѓаните кои користат интернет во земјава имаат основни или повисоки дигитални вештини, а речиси 85 отсто од населението има сметка во финансиска институција или во компанија која нуди мобилни финансиски услуги. Сепак, добар дел од граѓаните и натаму на прво место им е физичкото пазарување, а преку он лајн вршат плаќање на сметки или прават некоја ситна набавка.
Податоците на Народната банка велат дека во првиот квартал од годинава се направени он лајн трансакции во вредност од 265 милиони евра, што претставува раст од речиси 20 проценти на годишно ниво. Кон македонските е- продавници прометот изнесувал нешто над 150 милиони евра а останатите 100тина милиони се реализирани кон странски интернет продавници.
И покарј тоа што расте бројот на граѓани кои што пазарат на интернет најголемиот дел од нив се уште го променуваат традиционалниот начин на плаќање. Дури 68 проценти од граѓаните кога ќе нарачаат производ преку интернет не го плаќаат веднаш со својата картичка, туку чекаат да им стигне на врата за да го платат во кеш.

