Граѓаните на Карпош на нозе - повеќе од 7 години чекаат станови
Околу 30-на граѓани од Карпош денеска повторно ја блокираа улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Гневни на советниците во советот на општина Карпош што не им дозволуваат на инвеститорите да градат згради преку негласањето на урбанистичкиот план.
Граѓаните велат дека со инвеститорите пред неколку години склучиле договор да ги отстапат нивните куќи за станови, односно на нивното место да се изградат згради.
Од општина Карпош велат дека сочувствуваат со проблемите кои што ги имаат граѓаните кои го изразуваат својот револт и дека бараат начин како да им се помогне.
„Општина Карпош сочувствуваат со проблемите кои што ги имаат граѓаните кои го изразуваат својот револт. Општината бара начин како да им помогне на овие жители кои се староседелци и живеат во субстандардни услови. Час поскоро планерската куќа која го изработува ДУП-от и стручните служби од општина Карпош ќе излезат со предлог ДУП за јавна анкета за овој дел од општината.“ - велат од општина Карпош.
- Ако советниците не им дозволат на инвеститорите да градат згради и не го донесат урбанистичкиот план, жителите велат ќе продолжат да протестираат. - велат од општина Карпош.