Граѓаните и фирмите од земјава ќе може да купуваат акции и недвижности во странство
Foto

Граѓаните и фирмите од земјава ќе може да купуваат акции и недвижности во странство

Граѓаните и компаниите од земјава – ќе може да купуваат акции и недвижности во странство. Народната банка посочува дека ова е резултат на втората фаза од Спогодбата а за стабилизација и аосцијација.

- Тоа е еден пазар од 17 илјади милијарди долари БДП годишно плус огромен број на фирми со развиен примарен и секундарен пазар на хартии од вредност значи издавање и тргување со нив, рамноправно да учествуваме, да си го зголемуваме нашето портфолио и нашите приноси.

- Како одлив на средства од една страна краткорочно можеби ќе биде на некој девизен одлив меѓутоа генерално ако се направат добри инвестиции ќе има и репатриација на зголемени средства што е добро за државата. Она што е најбитно е да се створат услови да можат луѓето да створат дополнителен доход кој што ќе го наменат за вложување.

Иако не се очекува голем одлив на девизи, сепак надлежните инстутиции ќе треба да ја следат состојбата.

- Една од сериозните нус последици е таа либерализација на капиталната сметка која ќе придонесе за првичен одлив на девизни средства од Р.М. затоа што граѓаните со купувањето на хартии од вредност ожд странство ќе ги прелеваат домашните денари преку банкарскиот механизам во девизи и ќе се одлеваат во странство. На почеток тоа ќе биде проблем, но мислам дека може да се менаџира.

Од Народната банка потенцираат дека забраната за отворање сметки на правни и физички лица во странски банки и натаму останува во примена.

0 Коментари

Остави коментари