Граѓаните да не го користат патот Охрид-Ресен преку Галичица
Иако е затворен за сообраќај од 15 ти ноември граѓаните и понатаму го користат патниот правец Охрид - Ресен преку Галичица па многу често заглавуваат во снегот и се јавуваат да бараат помош.
И оваа сезона најголем дел од интервенциите на планинската спасителна служба при ОО „Црвен крст“ - Охрид се однесуваат за заглавени возила на овој правец - слика која се повторува секоја година при првите поголеми наноси од снег.
Спасителната служба е формирана за да помага при сериозни несреќи на планина, а не да одглавува возила поради непочитување на добро познатите сообраќајни правила. Од таму повторно испраќаат апел до граѓаните и повикувааат на совесност. Внимателно да се однесуваат и сите кои планината ќе ја користат за рекрација.
Спасителите се надеваат дека оваа година нема да се повтори статистиката од лани кога на два дена имаше по еден заглавен автомобил и покрај апелите да не се користи тој патен правец. Забраната важи до 15 март.