Граѓаните цел на измами со пропуштен повик, заштита само со едукација
Foto

Граѓаните цел на измами со пропуштен повик, заштита само со едукација

Стручните надзори на АЕК на сите 85 оператори што биле предмет на надзор во државава покажуваат дела сите имаат донесено вакви политики за безбедност.

Корисниците на мобилна телефонија што евентуално „наседнале“ на последните измами со пропуштени повици и ќе добијат повисоки сметки треба да се обратат до операторите и да поднесат приговор за евентуална корекција со оглед на такви примери и во минатото.

Од Агенцијата за електронски комуникации за МИА изјавија дека едукацијата и подигањето на свеста се единствената мерка за заштита од можните измами во мобилната телефонија на коишто бевме сведоци неодамна откако илјадници домашни претплатници на двата мобилни оператори беа вознемирени со кратки повици од непознати броеви од странство. Повиците потекнуваа најчесто од Литванија, Естонија и сателитскиот оператор Глобал стар. По преземените мерки за заштита од страна на операторите, неколку часа по повиците беа блокирани најголем дел од броевите преку кои се остваруваше ваквата измама, но, како што предупреди АЕК, тоа не значи дека ваква измама нема да се повтори од други броеви во иднина. 

Измамата со пропуштен повик се нарекува вангири (Wangiri Scam), потекнува од Јапонија и значи „еден повик и исклучи”. Претплатникот добива краток повик, најчесто едно звонење од број од странска држава што има висока цена на меѓународни повици. Ваквиот повик не му се наплаќа на крајниот корисник, иако имаше разни шпекулации што циркулираа по медиумите дека имало случаи кога и вакви кратки пропуштени повици им се наплаќале на корисниците.

Штетата за крајниот корисник настанува тогаш кога корисникот поради незнаење дека има пропуштен повик ќе го повика пропуштениот повик и ќе му биде наплатена висока цена на меѓународен разговор. Штетата ќе биде поголема доколку корисникот остане подолго во разговор со повиканиот број. Најчесто од другата страна повикот е одговорен од автоматска порака што го наведува корисникот да остане на линија колку што е можно подолго.

0 Коментари

Остави коментари