Готов е извештајот од вонредниот инспекциски надзор за штипската клиничка болница
Foto

Готов е извештајот од вонредниот инспекциски надзор за штипската клиничка болница

Ни вонредниот надзор на Здравствениот и санитарен инспекторат во координација со Институтот за јавно здравје не успеа да го најде изворот што со хепатит Ц зарази поранешни пациенти на штипска ортопедија.

Тој и понатаму останува мистерија. Во извештајот пишува дека тешко може да се утврди причината бидејќи  од првите пријавени случаи до надзорот поминале неколку месеци. Во него сепак има одредени насоки за подобрување на безбедноста на пациентите.
Ален Ѓеорѓиев, дир. Клиничка болница Штип.

Од Клиничката болница во Штип велат дека тие и претходно ги презеле потребните мерки, а сега добиените насоки се однесуваат на неколку постапки и процедури, што не се покажало дека имале влијание врз ширењето на заразата. На нивното отстранување веќе работат. Засега бројката на поранешни  пациенти на ортопедија  заразени со Хепатит Ц застана на 13.
Ѓеорѓиев.

Она што загрижува е што откако од почетокот на септември во предоперативниот скрининг се воведе задолжително тестирање на хепатит, откриени се осум нови случаи- Шест со Б и два со хепатит Ц, тоа велат од Клничката болница треба да го вклучи алармот и здравствените власти да истражат зошто има толкав број носители на вирусот што го напаѓа црниот дроб, а во одредении случаи ако не се лекува може да заврши фатално за носителот. Б и Ц се форми на хепатит што се пренесуваат само преку крв и преку отворени рани.

0 Коментари

Остави коментари