Гостиварци во очекување на правдата за своите сограѓани
Foto

Гостиварци во очекување на правдата за своите сограѓани

Вратите на превозникот Дурмо турс и денеска отворени, вработените како и секој нормален работен ден и утринава дошле на работа. Јавно не сакаа да говорат, но зад камерите на тв24 велат дека информацијата за приведувањето на газдата, возачот на автобусот и уште петмина други за автобуската несреќа кај Ласкарци ја слушнале од медиумите, а за нив денешниот ден е ист како и сите други.

Пред Авто мото здружение Гостивар пак, сопственост исто така на Дурмиш Белули газдата и на Дуро Турс денеска само катанец на портите. Според минувачите техничкиот преглед од утринава е затворен. Станува збор за истата фирма која го правела техничкиот преглед на автобусите на Дурмо Турс. Во несреќата кај Ласкарци од 51 патник во автобусот на Дурмо Турс, 15 го загубија животот додека 39 беа повредени.

Гостиварци со поделени мислења, дел и по еден месец стравуваат да се возат со автобус на Дурмо Турс. Некои пак вината ја гледаат во системот, велат секому може да му се случи, а државата е таа која не прави доволно контрола во сообраќајот. Оние пак кои не сакаа да зборуваат пред камерите велат превозникот по несреќата во употреба ги пуштил само новите автобуси. По едем месец од трагчната соообраќајна несреќа обвинителството поведе постапка за 7 лица, а според истрагата главните причини за несреќата биле неисправните сопирачки и недозволената брзина од 99 км на час.

0 Коментари

Остави коментари