„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се закити со уште две награди
Foto

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се закити со уште две награди

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска освои две награди на Деа Филмски Фестивал во Тирана што се одржа од 2 до 8 мај. 

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја доби главната награда за најдобар филм, а Зорица Нушева за улогата на Петрунија е прогласена за најдобра актерка.

Наградите ги додели петчленото жити предводено од Холанѓанката Клаудија Лансгенберг.

На церемонијата во Тирана присуствуваа актерите Зорица Нушева и Џевдет Јашари, кои ги примија наградите.

Петрунија во месец мај ќе биде преставен на уште два фестивала. По Тирана патува во Романија на Фестивалот Траснсилванија, а потоа во Украина на Молодист Филм фестивал, соопшти Продукција Митевски.

0 Коментари

Остави коментари