Гошев за ТВ 24: Делото помагање по кривично дело не може да се гледа одвоено од примарното дело
Адвокатот Туше Гошев во емисијата 24 анализа истакна дека амнестијата сама по себе е специјален правен акт на државата со која се изразува милост кон народот и без искажување на милост не може да се врши власта во една држава.
- Амнестијата е позната од римското право, за првпат помилувањето е укинато во француско буржуаскиот период. Потоа е повторно е воведено во времето на Наполеон. Амнестијата и помилувањето се истородни правни акти и постигнуваат иста цел на различен начин. Со таквиот опис на давање на амнестијата се отвараат други прашања. Овој закон е во тесен опфат на правењето на амнестијата, а тоа значи дека само се помилуваат по основ на казните и делата. Аболицијата значи дека државата се откажува од кривично гонење и изрекување на казна. - вели Гошев.