„Горска Вода“ - најпознат бренд за Негазирана Вода според потрошувачите во Македонија

„Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, го спроведе истражувањето “Преферирани ланци на маркети и Најпознати брендови 2022-ва година” во кое се анкетирани повеќе од 1,300 активни потрошувачи на територија на целата државата. 

Агенцијата 6-та година по ред прогласува ТОП 3 Маркети, преферирани ланци на маркети а 3-та година Најпознати Брендови според потрошувачите во Македонија.“

“Горска Вода” е препознаена како најпознат бренд според потрошувачите во Македонија во категоријата Негазирана Вода за 2022/23 година. Истражувањето е спроведено во Ноември 2022 од страна на агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД. 

Ова признание е потврда за квалитетот на производите и успехот зад долгогодишната работа на компанијата  ГОРСКА ДООЕЛ, како број 1 компанија на пазарот за природна минерална негазирана вода.

Деталите од истражувањето спроведено од страна на Инсајдер ИД, можете да ги погледнете и официјално, тука.