Горивата “горат” по џебот
Продолжува растот на цената на горивата на светските берзи...Барел нафта од типот „Брент“ повторно се тргува за повеќе од 100 долари. За 2,9 процента порасна на азиските берзи додека истовремено, зголемување на цената за 3,5 отсто има и кај американската референтна нафта „Вест Тексас “.
Промените на светските берзи, влијае врз цената на макдонските бензиски пумпи..Од почеѕтокот на војната на блискиот исток, дизелот поскапе за околу 30 проценти додека бензините за 17 %. Од владата смируваат, состојбата со горивата е стабилна, а доколку треба, ќе има и дополнителни мерки за излез од кризата...Дел од трговците, прифатија цена пониска за два или три денари по литар за сите горива.
Сања Божиновска - министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
„Окта“ дополнително го зголеми попустот за дизелот од 2 на 3 денари за литар, односно воведе дополнителен попуст од 1 денар, со продолжување на мерката до 6 април. Паралелно, со намалувањето на ДДВ-то од 18 на 10 %, обезбедивме дополнително намалување на цените за 6 до 7 денари за литар и спречивме ценовен шок на пазарот. “
Од опозицијата обвинуваат дека мерките на владата се задоцнети и дека нема да имаат реален ефект врз животот ...Од СДСМ велат дека цената на горивата не расте од почетокот на војната на блискиот исток, туку зголемувањето почнало уште кон крајот на минатата година..
Венко Филипче – претседател на СДСМ
„Да се намали акцизата за 4 денари , тогаш ќе има вистинско поефтинување на горивата од кои бенефит ќе видат и граѓаните, поради тоа што граѓаните и сега не гледаат бенефит од намалување на ддв-то , поради тоа што и покрај намалувањето на ддв-то цените пораснаа. “
Од ДУИ бараат измена на правилникот за утврдување на цените на горивата и тврдат дека Регулаторната комисија за енергетика применува застарен модел, базиран на просек од претходната недела..Според партијата, од ова штетата ја трпат граѓаните а корист имаат само одредени бизнис интереси..
Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголеми за 3,5 денари по литар, додека цената на бензините остана непроменета. Во одлуката е пресметано и намалувањето на ДДВ од 18% на 10%, а малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 1,39%.

