Гори зградата на Светскиот трговски центар во Брисел
Foto

Гори зградата на Светскиот трговски центар во Брисел

Во техничка просторија на 27-от кат во зградата на Светскиот трговски центар во Брисел попладнево избувнал пожар, а како што рече шефот на противпожарната служба, се запалил изолациски материјал.

Досега никој не е повреден. На социјалните мрежи се објавуваат видеа од пожарот и густиот црн чад што се гледа од далеку.

Зградата сега не се користи затоа што се реновира, а во моментот на пожарот биле присутни само неколку работници, кои успеале навреме да се евакуираат. 

0 Коментари

Остави коментари