Гори планината Серта- мештаните исплашени , пожарникарите на терен

Гори на планината Серта. Вчера попладне избувна пожар меѓу штипските села Селце и Драгоево, на терен се повеќе од 25 луѓе, меѓу кои 16 пожарникари од штипската Територијална противпожарна единица и сите сили од земја се насочени да не се шири и зафати поголема површина.

ТВ 24 попладнево беше во селото Селце, каде што во непосредна близина е шумскиот пожар. Ваква е моменталната состојба на планината Серта, каде што вчера попладне изби пожар меѓу двете штипски села, Драгоево и Селце. Во моментов нема опасност по околните куќи, меѓутоа поради ветрот се појавуваат постојано нови жаришта.”

Жителите на штипското село Селце, велат дека вчера, кога избил пожарот глетката била страшна и сметаат дека истиот е подметнат. 

Жителите стравуваат да не им се повтори минатото лето, бидејќи лани на планината Серта борбата со огнените стихии траеше повеќе дена и на терен имаше битка до истоштување. Се гаснеше и од копно и од воздух, а беше вклучена и меѓународна помош.