Горан Ѓошевски - Леви бара Апелација да му го прифати барањето за амнестија
Поранешниот началник и шеф на обезбедувањето на екс собранискиот спикер Велјаноски, Горан Ѓошевски-Леви денеска на јавна седница од апелациските судии побара да му го прифатат барањето за амнестија. Тој образложи дека за разлика од останатите полициски службеници кои не постапувале по службената должност, тој воопшто немал ингеренции да го чува редот и мирот во Собранието, туку да се грижи за безбедноста на Велјаноски.

