Голготата со личните документи продолжува, Тошковски и Бојмацалиев се докажуваат кој повеќе мисли на граѓаните
„Претплатникот го исклучил својот мобилен телефон или е надвор од мрежно покривање.. Ве молиме почекајте.“ Граѓаните чекаат, револтот расте, термини за фотографирање не можат да се добијат. Веб страната на МВР за закажување не функционира.
Гужва пред кабините за фотографирање, се доцни со закажаните термини и се почесто пред кабините се слуша „само да прашам нешто.“
На шалтерите за подигнување на документите нервози. Дел од граѓаните кои се фотографирале во декември денеска ги добиле. Додека граѓаните поминуваат низ нервози за замена на личните документи, политичарите се надмодруваат и ги убедуваат кој ќе направи повеќе за нив.
Продлжување на рокот на пасошите утре на Собрание. Претседтелот на Собранието, пак, вели дека утре ќе даде поддршка за продолжување на важноста на патните исправи, но меѓународните договори не можат да се менуваат со друг закон.
За ВМРО-ДПМНЕ, аргументите на власта не држат. Францускиот амбасадор во земјава, вели дека сепак Договорот е потпишан и двете страни се свесни какви одредби произлегуваат од истиот, но не може да се забрани враќање на граѓаните во својата земја.
И шефот на грчката дипломатија, Герапетритис не отстапува. Вели Договорот од Преспа е меѓународен договор што не може да се измени од никој. Грчката Влада внимателно го следела спроведувањето, а за промената на пасошите, посочи дека не постоела целосна усогласеност. Тој остро реагира, во период од пет години македонските државјани требало да ги направат потребните прилагодувања во однос на патните исправи, така и во однос на регистарските таблички на приватните возила.
Договорот од Преспа се потпиша во јуни 2018, а стапи на сила следната година во февруари.