Големо снежно невреме во Европа
Foto

Големо снежно невреме во Европа

Илјади лица се заробени во австрија поради обилните снежни врнежи. Неколку населени места се целосно отсечени, а досега лавините кои ја погодија државата однесоа осум човечки животи. Поради опасност од нови лавини, четири покраини прогласија највисоко, пето ниво на опасност. Повеќе од 1.200 војници се вклучени во акцијата за спасување и извлекување на граѓаните од завеаните места, а во интервенциите за снабдување се користат и хеликоптери. Издадена е препорака до жителите на загрозените подрачја да обезбедат залихи од храна, вода за пиење, лекови и огрев за цела недела поради снежните врнежи. Од австриската метеоролошка служба најавуваат продолжување на врнежите до крајот на неделата а снежната покривка се очекува да се зголеми за дополнителни 2 метри. Новите масивни снежни врнежи создадоа проблеми и во средна германија како и во делови на Чешка а според последните информации, во невремето кое трае веќе седум дена загинале најмалку 15 лица.

0 Коментари

Остави коментари