Големо признание за македонските лекари и универзитетски професори
Медицинскиот и научнички тим во Македонија го разви прогностичкиот модел со математичка формула кој предвидува веројатноста за преживеење на лица со хеморагичен мозочен удар. Оваа нова технологија ќе им помогне на лекарите да одлучат за најдобриот медицински третман за пациентите. Првите анализи се изведени на примарните информации собрани веднаш по примопредавањето на пациентот. Овој модел сè уште е во фаза на клиничко испитување и за него тимот доби прва награда на 62-риот интернационален научен конгрес за Неуронаука во Пула.
"Изработивме прогностичка математичка формула која претпоставува интрахоспитален морталитет кај пациентите со хеморагичен мозочен удар базиран на различни параметри, вклучувајќи биохемиски, радиолошки и клинички варијабли. Заедно со тоа, создадовме апликативен софтверски пакет кој овозможува едноставно предвидување на клиничките исходи", изјави д-р Владимир Рендевски, неврохирург и дел од истражувачкиот тим.
Според овој модел, методот е со сензитивност од 88 проценти, што ќе биде од голема корист за неврохирурзите и невролозите кои се соочуваат со дилеми околу третманот на овие пациенти, дали да изберат медикаментозен третман или операција. За да се имплементира во пракса во здравствените установи, потребни се инвестиции од страна на здравствените власти.
"Како држава, треба да вложуваме повеќе во науката, бидејќи овие истражувања бараат и скапи лабораториски апарати и биохемиски агенси. Соодветна поддршка од државата е неопходна за да бидеме конкурентни и да ги третираме овие итно загрозувачки пациенти на адекватен начин", изјави д-р Рендевски.
Со добра стратегија и организација, доктор Рендевски верува дека и во Македонија може да се обезбеди адекватен третман и прогнозирање за овие пациенти во итна состојба.