Големо незадоволство поттикна одлуката на Уставниот суд за покачување на функционерските плати

Нихилизмот на функционерите надополнет со задоволување на хедонизмот, за граѓаните леб од 33 денари за политичарите плати од над 1.800 евра ова е дел од револтот на синдикатите. Не бараме преку леб погача, бараме тоа што ни следува реагираат синдикалците од пред Влада.

Од синдикатот на УПОЗ велат дека додека едни протестираат за да преживеат други ќе се луксузираат во услови на двоцифрена инфлаација и економска криза.

Невкусно е во време на криза да се зголемуваат плати на функционери, вели претседателот на државата, Стево Пендаровски.

„Во врска со одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плати на функционерите, ја повикувам Владата да се најде законско решение со кое ќе се регулира прашањето преку намалување на бодовите. Сметам дека е невкусно во време на економска криза да се покачуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет“. - велат од кабинетот на претседателот, Стево Пендаровски.

Од Влада на став дека:

„Одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани лица е конечна и треба да се почитува. Но тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица за 78% како што шпекулира дел од јавноста. Во моментов и минималната и просечната плата како и висината на пензиите е на највисоко ниво досега и ние и понатаму ќе работиме и на зголемување на платите и пензиите но и на намалување на трошоците за живот, со цел да обезбедиме повисок животен стандард за граѓаните. Секој граѓанин треба да живее достоинствено и да му се вреднува трудот.“- велат од Влада.

Вицепремиерот за еконопмски прашања, Фатмир Битиќи вчера реше дека одлукат за покачување на платите на функционерите не може да не се почитува бидејќи е одлука на Уставен суд.

И врховниот судија, Џемали Саити вели дека мора да се почитува одлуката на Уставниот суд за платите на функционерите.

Функционерите не се граѓани од посебен ред, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ и бара веднаш да се намали и корегира коефициентот за сложеност на работното место со што би се намалиле платите.