Големо невреме во Словенија, поплавени села – евакуирани граѓани во некои региони

Поројниот дожд кој синоќа зафати некои делови на Словенија, предизвика поплави во поголем број населени места во земјата. Регистрирани се илјадници несреќи, а во некои места властите беа приморани и да го евакуираат населението. 

До утре според синоптичарите над Словенија ќе се формираат појаси на обилни дождови, а врнежите ќе засилат на горските бариери на западна и јужна Словенија и над Горски Котар.

Ветерот потоа обилните врнежи ќе ги носи и над централна и источна Словенија. 

Во соопштението на словенечкото министерство за животна средина се наведува дека има можност да дојде до излевање на реките. Невремето се очекува во попладневните и вечерните часови.