Големо невреме ја погоди Калифорнија, пет мртви, над 92 илјади без струја

Најмалку пет лица загинаа откако стотици дрва паднаа во и околу Сан Франциско за време на невремето што во средата ја погоди Северна Калифорнија.

Две лица загинаа во нивните возила, а едно откако дрво паднало врз неговиот шатор. 

Силниот дожд и ветерот предизвикуваат проблеми во Северна Калифорнија од вторникот, 92.000 домови немаат струја, а на 14.000 луѓе им е наредено да се евакуираат.