Големиот интерес за купување недвижнини во Охрид ја забрза динамиката на градење
Градежна експанзија на станови во Охрид. Зголемената побарувачка драстично ја крена цената, но и апетитите на инвеститорите. Пракса е и понатаму најмногу да се купуваат станови за туристички цели кои се издаваат во сезона и стојат практично неискористени девет месеци.
Ова според туристичката фела му носи поголема штета отколку ќар на градот. Предупредуваат дека град како Охрид не смее да се гуши од премногу градби, особено од згради. Дополнително издавањето на викенд становите одамна создава сива сезона, бидејќи не се контролира и тоа треба да се промени додава професорот Мариноски.
Во моментов метар квадратен во Охрид се движи од 1500 до 3500 евра зависно од локацијата. Ако побарувачката продолжи и понатаму континуирано да се зголемува, ќе растат и цените.