ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ НА БАЛКАНОТ- ЗООЛОШКАТА ВО БЕЛГРАД ПОД ВОДА
Foto

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ НА БАЛКАНОТ- ЗООЛОШКАТА ВО БЕЛГРАД ПОД ВОДА

Србија во изминативе 24 часа се справува со штетите од големото невреме проследено со пороен дожд, а на некои места и со град со големина на тениски топчиња. Автопатот Белград-Загреб наликува на голема река, поради што со часови беше затворен, а возачите добија препорака доколку немаат голема потреба да не тргнуваат на пат. Поради невремето кое што вчера го зафати Белград на некои од улиците се формираа гејзери повисоки од пет метри. Тоа предизвика застој и хаос на улиците. Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ изјави дека по обилните дождови што го погодија главниот град, биле поплавени 20 детски градинки и дека 6.000 домаќинства немаат електрична енергија, главно во Земун и во Нов Белград.

- „Екипите се постојано на терен, електричната мрежа ќе биде санирана целосно. Децата ќе бидат распределени во други градинки, се додека не заврши санацијата на поплавените објекти.“ - изјави Горан Весиќ – заменик градоначалник на Белград.

Поројните дождови, речиси целосно ја поплавија и зоолошката градина во Белград, а српските медиуми пренесуваат дека оггромно количество вода тече кон живеалиштата на голем број животни. Ветеринарот во белградската зоолошка градина, Јожеф Езвеѓ вели дека ова е најголема поплава што му се случила на Белград во последните години, но за среќа животните се неповредени и се во добра состојба.

- „Тие за време на непогодата се засолниле во своите куќички, навикнати се да се изборат со секакви непогоди. Сега се добро, имаат храна, иако тешко им паѓа топлото време, како и на луѓето.“ - изјави Јожеф Езвеѓ – ветеринар во ЗОО Белгград.

Во делови од Белград вчера за помалку од два часа наврнало количество дожд колку за цел месец. Според податоци на Хидрометеоролошкиот завод, во Борча наврнале околу 100 литри дожд на квадратен метар, додека просекот, врз основа на 100-годишната низа за јуни е 85 литри. Поплави има и во Хрватска. Под вода е центарот на Сисак, а на Јадранот има врнежи во северните и централните делови, по што ќе следува умрена до силна бура. Поплави беснеат и до други делови на Европа. Делови од Унгарија и Полска се целосно под вода. Во некои населени места, во куќите има повеќе од половина метар вода. Властите велат дека состојбата е алармантна, но дека тимови од штабовите за кризни ситуации се постојано на терен за да ги санираат големите штети.

0 Коментари

Остави коментари